
Две 16-годишни момчиња се тешко повредени во несреќи со мопеди во Прилеп и во Скопје, соопшти МВР.
„На 05.05.2025 во 15:37 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Стеван Димоски“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „хамачи“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Прилеп и патничко возило „шкода октавија“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 34-годишната С.М. од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп“, велат од полицијата.
Во вториот случај, настрадал тинејџер од Скопје, кој се судрил со „Голф“ во населбата Бутел.
„На 05.05.2025 во 13:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Натанаил Кучевишки“ и ул.„Хо Ши Мин“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(24) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, пишува во полицискиот билтен.