Skip to main content
Скопје

Две мали волчиња – нови жители на ЗОО Скопје

05/06/2026  09:34

Скопската Зоолошка градина доби нови постојани жители.

„Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив“ информираа од ЗОО Скопје на Фејсбук.

„Нашите мали волчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени“ додаваат оттаму.

„Затоа и овие фотографии се направени во ретки моменти кога тие излегуваат надвор, љубопитно го истражуваат просторот и веднаш повторно се враќаат во сигурноста покрај мајката“ се вели во соопштението.