Skip to main content
Свет

Две лица загинаа во експлозија пред железничка станица во Москва

24/02/2026  08:11

Две лица се убиени во раните утрински часови во експлозија пред железничка станица во Москва, соопшти локалната полиција.

При експлозијата загинале напаѓачот и еден полициски службеник, а уште двајца се ранети. Патролното возило е уништено до непрепознатливост од експлозивниот бран, но не се запалило.

На местото на настанот пристигнале службеници на рускиот Истражен комитет и возила на брза помош. Плоштадот пред станицата е опколен од полиција, а сообраќајот на градскиот превоз во тој реон е запрен, јавија локалните медиуми.

Покрената е кривична постапка за напад врз животот на службеник на органите за спроведување на законот и за поседување експлозивна направа.