Skip to main content
Хроника

Две лица нападнале и со остар предмет се заканувале на полицајци во Куманово

21/03/2025  14:44

Две лица биле приведени вчера поради физички напад и закани со остар предмет кон полициски службеници во Куманово.

– На 20.03.2025 во 17.40 часот, полициски службеници од СВР ги лишиле од слобода А.М.(36) и Џ. Ш. (61), двајцата од Куманово, затоа што физички нападнале и се заканувале со остар предмет на полициски службеници кои преземале мерки за питачење, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.