
На 15.11.2025 во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Сава Михајлов” во Скопје, 15-годишна малолетничка од с.Инџиково, скопско, управувајќи електричен тротинет изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката и нејзината 14-годишна сопатничка, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

