Skip to main content
Свет

Дванаесет лица убиени во Либан во израелски напади

02/05/2026  09:33

Најмалку 12 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а 25 се повредени во израелски напади врз јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Израелската армија соопшти дека нападите следеле откако Хезболах лансирал неколку дронови кон израелски војници во јужен Либан. Според нив, пресретната била и ракета насочена кон област каде дејствувале израелски сили.

И покрај формалното примирје, судирите меѓу Израел и Хезболах продолжуваат речиси секојдневно, а тензиите дополнително се зголемија по почетокот на војната со Иран.

Примирјето беше објавено во средината на април по разговори што ги посредуваше американскиот претседател Доналд Трамп.