Skip to main content
Македонија

Двајца од хоспитализираните во Бугарија почнале да се движат

19/03/2025  20:29

Двајца од повредените во пожарот во кочанската дискотека, хоспитализирани во Бугарија, почнале да се движат.

Како што информираше македонското Министерство за здравство, во Бугарија се хоспитализирани вкупно 15 пациенти, од кои седум се интубирани и 6 оперирани, со стабилна хемодинамика, а двајца почнуваат од денес да се движат.

Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.