
Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:45 часот го лишиле од слобода Ц.К. (75) од Куманово, по претходна пријава за физичка пресметка.
Според МВР, околу 21 часот, по претходна вербална расправија, дошло до физичка пресметка меѓу Ц.К. (75) и Б.П. (76), двајцата од Куманово.
Во пресметката 76-годишниот Б.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
По целосно документирање на случајот, против Ц.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.


