Skip to main content
Балкан

Два земјотреса регистрирани во Србија во текот на ноќта

05/05/2026  08:52

Два земјотреса беа регистрирани во Србија ноќеска – земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 2:35 часот во регионот Бездан, соопшти Републичкиот сеизмолошки институт на Србија.

„Интензитетот во епицентарот беше проценет на шестиот степен од Меркалиевата скала, што значи дека земјотресите со оваа јачина можат да предизвикаат мали штети на зградите во епицентралното подрачје“, соопшти РСИС.

Епицентарот беше во областа помеѓу Бездан и Бачки Моноштор, околу 190 км северно од Белград.

Десетина минути подоцна, беше регистриран послаб земјотрес со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала.