
Вчера до полицијата пристигнале две пријави за штета од заталкан куршум во скопска Гази Баба.

– На 11.06.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, Б.С.(51) од село Љуботен, скопско, пријавил дека околу 15.20 часот на подот во продажен објект на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
– На 11.06.2025 во 17.40 часот во СВР Скопје, Е.Л.(37) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот. Полициски службеници од СВР Скопје го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, известија од полицијата.