Skip to main content
Свет

Два воени авиони се судрија во Франција, пилотите се живи

25/03/2025  21:25

Два авиона од француската аеробатска група „Patrouille de France“ се урнаа за време на пробни летови и акробации, соопшти француското воено воздухопловство.

Тројцата пилоти од два авиони „Алфа“ успеале да се катапултираат и биле пронајдени живи и свесни. Несреќата се случила за време на вежба во близина на воздухопловната база 113 во Сен Дизие.