Skip to main content
Хроника

Два случаи каде малолетници се жртви во Скопје, нападнат и 29-годишен скопјанец

14/09/2025  17:15

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на 13 септември биле пријавени три одделни случаи на физички напади во различни делови на Скопје.

Првиот инцидент бил пријавен во 13:30 часот од С.Д. (48) од Скопје, кој во СВР Скопје изјавил дека околу 00:30 часот, на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син и негов другар биле физички нападнати од група малолетници. Тие биле во друштво со свои врсници и уште едно лице што го познавале преку социјалните мрежи.

Вториот случај бил евидентиран во 23:10 часот, кога У.О. (29) од Скопје пријавил дека околу 17:30 часот на подрачјето на Гази Баба бил нападнат од лице со иницијали А.Н.

Во третиот настан, пријавен во 12:00 часот, Д.С. (44) од селото Шишево информирала дека нејзината малолетна ќерка на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзин соученик.

Од МВР додаваат дека за сите три настани се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случаите.