Skip to main content
Македонија

ДУИ: Министерот за правда од ВРЕДИ ја изедначи жртвата со агресорот – невидена штета за албанската кауза

15/09/2026  11:13

Соопштение за јавност на ДУИ:

Скандалозната изјава на министерот за правда нанесе сериозна штета врз историската вистина и албанската кауза.

Изедначувањето на жртвите на режимот на Милошевиќ со агресорите директно ја засега жртвата на цел еден народ и неговата борба за слобода.

Соопштенијата на ВРЕДИ не можат да го прикријат овој став. Кога една политичка мисла толку јасно се манифестира преку изјавите на нејзините претставници, подоцнежните формулации не можат да го поништат тоа.

Ова е идеологијата на ВРЕДИ. Денес таа јавно беше изразена од нивниот министер за правда.

Штетата нанесена врз албанската кауза е невидена и бара јасна политичка одговорност.