Skip to main content
Македонија

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница

18/09/2026  21:35

Соопштение на ДУИ:

Вечерва во Тетово се одржува средба меѓу претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), г. Али Ахмети, и претседателот на Алијансата за Албанците (АА), г. Арбен Таравари, како и раководните тимови на двете партии.

Во центарот на средбата е координацијата на заедничките активности и ангажмани за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.

Двајцата претседатели разговараат за организирањето на активностите на терен и за заедничкиот ангажман на структурите на коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) во поддршка на кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница, Аркин Јахији.

На средбата се утврдуваат и понатамошните чекори за заедничкиот ангажман во пресрет на изборниот процес во Брвеница.