Skip to main content
Македонија

ДСЗИ врши вонреден инспекциски надзор на Детската клиника за случајот со починатото бебе

17/12/2024  13:36

Вонреден инспекциски надзор денеска врши ДСЗИ на Детската клиника за случајот со починатото седуммесечно бебе, потврди директорот на Инспекторатот во изјава за медиуми, Кирил Лазов.

-Да, во текот на денешниот ден од моја страна беше издаден налог за вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести со сознание за починато седумесечно бебе кое по искажување на актуелниот директор било донесено со тешки оштетувања на повеќе органи. По утврдување на фактичката состојба, во делот на приемот, во делот на пружање на здравствена заштита, како и евидентирање, ние претпоставувам дека во текот на утрешниот ден ќе излеземе со поконкретни податоци, појасни директорот.

Тој рече дека вонредни инспекциски надзори се вршат и на други клиники во рамки на Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје.