Skip to main content
Хроника

Драма во Аеродром: Се претставил како полицаец и нападнал пејачка во угостителски објект

09/04/2026  15:10

Ноќеска околу 02:13 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром.

Според пријавата, две лица правеле проблеми во локалот, при што ја спречувале пејачката да настапува. Еден од нив се претставувал како полициски службеник и физички ја нападнал.

Како што информираат од полицијата, лицата упатувале закани и кон пријавителот.

Полициски службеници веднаш излегле на терен, по што од слобода биле лишени Љ.А.(35) и Н.Д.(40), двајцата од Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.