Skip to main content
Македонија

Доживотен затвор за Фадил, убиецот на штипјанката Пешева

12/02/2025  17:50

Фадил Зејнелов кој свирепо ја уби Емилија Пешева од Штип денеска беше осуден на доживен затвор.

„Обвинетиот сторил убиство, судот го осудува на доживотен затвор. Во изречената казна му се смета и времето поминато во притвор. По анализа на сите докази, утврди дека оваа казна е потребна и оправдана. Пред се поради начинот на извршување на кривичното дело, траело неколку минути.. Имало решителност од негова страна, а борба од страна на Емилија. Второ, покрај свирепоста при извршувањето, судот утврди дека во август 2024 година, при меѓусебни средби имало физички напад, утврдени во болница“, рече судијата Сашко Георгиев.

Убиството што ја потресе штипската јавност се случи во ноември минатата година, Пешева беше на 29годишна возраст.