Skip to main content
Македонија

Дожд и северен ветер денеска, температурите паѓаат до 17 степени

14/11/2026  08:27

По топлото време во изминатите денови, денеска, сабота, 14 ноември, во Македонија се очекуваат пониски температури, променлива облачност и повремени локални врнежи од дожд.

Според прогнозата на УХМР, ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринските температури ќе се движат од 8 до 13 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 10 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Променливото време ќе продолжи и утре. Во недела се очекуваат сончеви периоди, но попладне на одделни места повторно ќе има дожд. По котлините ќе постојат услови за утринска магла.

На почетокот на следната седмица се најавуваат повеќе сончеви периоди, додека во средината на неделата е можен нов влажен бран со пообилни врнежи, особено во западните делови од земјата.