
Советот на Општина Тетово на денешната онлајн седница со мнозинство гласови донесе одлука за украсување на градот за претстојните новогодишни празници.
„За оваа програма „за“ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ, додека против беа советниците од коалицијата НАИ. Воздржани беа од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ. Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, изјави претседателот на Советот, Јусуф Абдули.
Изгласана е измена на Програмата за активности на Општина Тетово во областа на културата за 2025 година. Според новата програма, за празничното украсување се предвидени еден милион и петстотини илјади денари, што е над 24 илјади евра.

