Skip to main content
Балкан

Додик се огласи по неколкудневен молк: Пристигнав во Москва

01/04/2025  09:12

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, по кој трагаат правосудните органи и полициските агенции во Босна и Херцеговина, вчера вечер соопшти дека пристигнал во Москва. „Пристигнав во Москва“, вели Додик во краткото видео објавено на социјалната мрежа Икс.

Тој објасни дека прво им оддал почит на Русите кои загинаа во Втората светска војна, а потоа рече дека планира повторно да биде во Москва на 9 мај, кога таму ќе се одбележи годишнината од победата над фашизмот.