Skip to main content
Балкан

Додик: Поддршка за Израел и Нетанјаху

01/03/2026  15:59

Претседателот на партијата СНСД и екс претседател на Република Српска нагласи дека Република Српска е на страната на Израел, наведувајќи ги заедничките историски врски и безбедносните предизвици.

Додик, изјави дека Република Српска му дава целосна поддршка на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во тековната воена акција против Иран, нагласувајќи дека Српска стои покрај своите, како што изјави, пријатели и сојузници од Израел.

– Израел и ние ја споделуваме егзистенцијалната закана што ни ја претставува радикалниот ислам и политиките што произлегоа од него. Затоа денес му давам целосна поддршка на премиерот Бенјамин Нетанјаху – изјави Додик.