Skip to main content
Uncategorized

Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 2025

08/12/2025  09:50

Во Собранието денеска во 11 часот, Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2025 година. 

Добитник на државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието е академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог, а наградата за остварување во областа на културата и уметноста ја добиваат Живоин Глишиќ, композитор и Беди Ибрахим, ликовен уметник.

Државната награда „Св. Климент Охридски“ е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија.