![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/meteoalarm.mk-27.jpg)
Метео анализа на Славчо Попоски:
Од утре (вторник 11 февруари), па во деновите потоа во нашата Република Македонија ќе имаме поголема облачност, а особено во западните и во југозападните предели ќе има и повремени локални врнежи, кои ќе бидат претежно од снег, а само во дел од градовите повремено ќе има повремени послаби врнежи од дожд и од снег.
Во дел од градовите ќе се формира мала снежна покривка, а на планините, како и на скијачките центри секако постојаната снежна покривка ќе се зголеми. Сето ова ќе биде проследено и со слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.
Што се однесува до времето во Скопје и околината, од утре (вторник 11 февруари), па во деновите потоа ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и од снег.
Температурите пак наутро и покрај тоа што ќе бидат повисоки, и тоа поради облачноста, сепак, на повеќе места ќе останат негативни, односно под нулата, додека максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошно опаѓање и на повеќе места ќе се искачуваат за неколку степени над нулата, а на повисоките места, планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри тие ќе останат до околу, па и под нулата.