Skip to main content
Македонија

До 18 часот 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни

09/09/2026  18:53

На територијата на државава денеска до 18:00 часот регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, пет се под контрола, а 11 пожари се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни пожари има во Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (нискостеблеста шума); Општина Македонски Брод: с. Белица, м.в. Кајорец кон с. Брезница, кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума); Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума); Општина Гостивар: с. Печково (ниска вегетација и нискостеблести растенија); Општина Македонски Брод: с. Бенче (мешана листопадна шума); Општина Долнени: помеѓу селата Пешталево и Секирци (ниска вегетација и стрниште); Општина Бутел: кај Љуботенски Пат (ниска вегетација); и Општина Карпош: на бул. „Илинденски Пат“ (ниска вегетација и дрва).

Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар); Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација); Општина Сарај: с. Копаница (шумски пожар); Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани (шума); и Општина Струмица: над с. Стиник (шума).

Изгаснати се пожарите во Општина Кичево: над с. Кнежино, м.в. Црн Камен (шумски пожар); Општина Ново Село: над с. Стиник (шума и ниска вегетација); Општина Карпош: с. Бардовци (ѓубре); Општина Берово: на патниот правец Берово – Струмица (ниска вегетација); Општина Радовиш: во близина на клучката на патниот правец Радовиш – Струмица (ниска вегетација); Општина Охрид: во близина на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ (ниска вегетација); Општина Струмица: на подрачјето на град Струмица (ниска вегетација); Општина Тетово: кај муслиманските гробишта (ниска вегетација); Општина Крива Паланка: с. Осиче, место викано Рамни Камен (борова шума); Општина Старо Нагоричане: с. Стрезовце (ниска вегетација); и Општина Сарај: с. Копаница (шумски пожар).