Skip to main content
Македонија

До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен

04/08/2026  18:39

На територијата на државава заклучно со 18 часот регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, четири се под контрола, а девет се изгаснати. Активен пожар има во Стопански Двор, Општина Ѓорче Петров каде гори сува трева и грмушки, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Под контрола се ставени пожарите во Општина Кавадарци кај селата Раец, Ќесендре и Дреново каде гореше нискостеблеста шума и ниска вегетација, во Општина Крива Паланка село Мождивњак на местото викано Острец (шума), Општина Тетово кај Ресторан Сирач (сува трева) и во Општина Желино село Горна Лешница (ѓубре).

Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево кај Глуво (сува трева), село Мирковци (сува трева) и село Кучевишка Бара (сува трева и грмушки), Општина Карпош на улица „Скупи“, кај сервис „Агромеханика“ (сува трева и грмушки), Општина Гази Баба – Скопско Поле (дрво покрај пруга), Општина Битола кај Тумбе Кафе (ѓубре и сува трева), Општина Прилеп на улица „Дебарска“, кај местото викано Теќе (депонија), Општина Струга кај село Лабуништа (сува трева), и во Општина Теарце кај селата Шемшово и Сиричино (ѓубре).