Skip to main content
Македонија

Дневна метео анализа: До крајот на денов продолжува поголемата облачност низ Македонија

16/02/2025  10:16

Метео анализа на Славчо Попоски:

Претпладнево во нашата Република Македонија и понатаму имаме претежно облачно и ладно време со ветер од северен и од североисточен правец, кој е со слаб до умерен интензитет.

На картата можете да ги погледнете температурите измерени низ Македонија ова претпладне.

Инаку, до крајот на денов ќе имаме претежно облачно време, повремено со пократки сончеви периоди, а ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени. Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачи малку над 10 степени, односно до околу 12 степени.