Skip to main content
Македонија

Длабока Џеновска циклонска активност носи чести и обилни врнежи

11/02/2026  08:11

Метео анализа на Славчо Попоски:

Повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југоисточен а во петок на 13 февруари 2026 особено во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Во погоре споменатиот период локално повторно ќе наврне големо количество на воден талог и тоа над 40 литри на метар квадратен воден талог.

Што се однесува до температурите поради јужното воздушно струење до недела 15 февруари температурите ќе бидат високи за овој период од годината  и над просекот па така во поголем дел од Македонија преку ден тие ќе се искачат  или ќе надминат 10 степени а во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе се искачат близу 20 степени.