Skip to main content
Фудбал

Директорот на А-фудбалската репрезентација Дени Масев е во притвор

24/03/2025  20:32

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец и директор на А-репрезентацијата Дени Масев е приведен. Тој не беше со националниот тим на последното гостување во Лихтенштајн, а ФФМ реагира со разрешување од позицијата директор на А-тимот.

Масев е во притвор една недела. Засега нема информации од Обвинителството за што е обвинет.

Масев беше спортски директор на најдобрата фудбалска селекција и кога претседател на ФФМ беше Муамед Сејдини, но поради несогласувања се повлече од функцијата, а по доаѓањето на Масар Омерагиќ повторно му беше дадена истата функција.