
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Б.Т.(66) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според информациите, пријавениот во својство на директор на општинскиот ученички дом „Боро Менков“ во текот на 2024 година, додека бил на годишен одмор, пријавил и остварил 63 часа работа подолга од полното работно време.
Со ваквото постапување, како што се наведува, тој се стекнал со противправна имотна корист во износ од 23.945 денари, на штета на буџетот на установата.
Надлежните институции преземаат мерки за понатамошно расчистување на случајот.
