Search

Димовски се повлекува, пратениците привремено ќе ги координира Ѓорчев

Илија Димовски, досегашниот координатор на пратеничките групи на ВМРО – ДПМНЕ во парламентот, се повлече од функцијата. На негово место ќе застане пратеникот Влатко Ѓорчев.

Илија Димовски се повлекува од координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На негово место ќе дојде Влатко Ѓорчев, кој ќе биде вршител на должноста, додека не се изберат новите партиски органи, потврдуваат извори од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ

Одлуката за повлекување изворите од партијата велат дека била лична одлука на Димовски, без притисоци од новиот лидер Христијан Мицковски, односно логичен потег на Димовски, по иницијативата за одлагање на партискиот конгрес каде Димовски беше потписник заедно со други видни партиски функционери.

Димовски останува координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ каде член е и поранешниот лидер на партијата, а сега само пратеник, Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ има 10 пратенички групи во Собранието. Девет имаат по пет пратеници и една е со шест.

На втората координатор е Антонијо Милошоски, на третата Зоран Илиоски, на четвртата Владанка Авировиќ, на петтата Даниела Рангелова, на шестата Панчо Минов, на седмата Димитар Стевананџија, на осмата Драган Данев, на деветтата Благица Ласовска и на десеттата Драган Цуклев. Секој координатор има двајца заменици.

Треба да знаете
Последни објави