Skip to main content
Македонија

Димитријевиќ: ОЈО да постапи, дали бомбата кај вработениот во МВР врзан со кумот на Мицкоски води до провизии од 300.000 евра за тендери

18/08/2026  11:56

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар

Свиркачи до нас доставија шокантно видео кое го објавивме.

Бомба е фрлена во домот на Милко Бошковски во Бардовци.

Настанот се случил пред два дена, во недела, на 16 август.

Кој е Милко Бошковски?

Вработен во МВР, во отсек за организиран криминал.

Бошковски е директно поврзан со кумот на премиерот Христијан Мицкоски.

Негов личен пријател и според нашите информации близок соработник.

Ова не е обичен безбедносен инцидент.

Прашaњето е зошто се крие од јавноста овој настан?

Која е позадината?

Панче Тошковски глуми експерт за вода, за хиперхлорирање, за чистење водоводи, прави се само не си ја работи својата работа.

Каде е да каже зошто кај вработени во МВР и поврзани со кумот на премиерот Мицкоски се фрлаат бомби?

Информациите кои свиркачите ги доставија до нас водат до основани сомненија  дека причината е нереализиран бизнис дил со провизии.

Јавно го повикуваме Јавното обвинителство да отвори истрага, да ги провери овие наводи и основани сомнежи и да одговори:

Дали е во прашање провизија – мито од 300.000 евра за бизниси и тендери?

Каде требало да завршат 300.000 евра?

Дали има некаква врска со тендери во РЕК и со градежно атрактивно земјиште во Скопје?

Панче Тошковски да одговори со што се занимаваат неговите вработени?

Дали е точно дека истиот овој полициски службеник бил и претходно пријавен во Јавно обвинителство за барање мито од 200.000 евра од поранешен градоначалник?

Вака изгледа кога организирана криминална група владее со државата.

Граѓаните очекуваат одговори, граѓаните очекуваат одговорност.