
Наместо да се манипулира со јавно објавени и достапни податоци и показатели за економската состојба, во продолжение неколку факти за „успешните економски“ политики на претходната Влада за која што говореше лидерот на опозицијата:
Просечниот раст на БДП во периодот 2017-2023 во Македонија изнесуваше 1,8% што е едно од наjниските во Европа и за жал најмало споредено со земјите од регионот (БиХ 2,9%, Словенија 3,2%, Хрватска 3,5%, Албанија и Црна Гора 3,5%, Србија 3,6% и Косово 3,8%).
Како Владата се справи со кризата и пандемијата говори и фактот што и тука податоците покажуваат дека повторно земјата имаше најнизок просечен раст од 1,2% споредено со земјите од регионот, што говори за успешноста и ефективноста на мерките.
Оттаму, посочените „2 милијарди евра“ за поддршка на граѓаните и фирмите резултираа во зголемување на државниот долг во однос на БДП за повеќе од 10 процентни поени во 2020 споредено со 2019 година, што повторно е најголемо зголемување споредно со земјите од непосредното опкружување, а резултатите од тоа задолжување е најнизок раст.
Дополнително за тоа како се потрошени парите за мерките и активностите за поддршка за вработувањето погодени од здравствената криза предизвикана од Ковид-19 говори и извештајот на Државниот завод за ревизија.
Постојаната манипулација и извртување на тезите (спинување) не можат да го оспорат фактот дека по подолг период економијата закрепнува три последователни квартали, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот односно 6 ти највисок по објавувањето на податоците за сите земји, податок објавен на Евростат.
Во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, просечниот раст на нето платата во Македонија изнесува 10,1%. За споредба, во текот на целото седумгодишно владеење на СДСМ, просечната плата се зголемуваше во просек за 8,2%.
Поразително е што и ваквиот раст е во најголема мера резултат на драматичниот пораст на цените, којшто беше меѓу највисоките во регионот и Европа. Доколку се исклучи ефектот на растот на цените, просечниот раст на реалната нето плата изнесуваше само 3,5%, и покрај потрошените милијарди евра за справување со кризите и наводно зачувување на животниот стандард.
За споредба, во периодот од јули 2024 година до јуни 2025 година, реалниот раст на платите, оној од кој се исклучени ефектите од цените, изнесува 6,4%, односно е речиси 3 процентни поени повисок во споредба со претходната власт.
И доколку се гледа синдикалната минимална кошничка, во мај 2024 година просечната плата покривала 68,7% од кошничката, додека во јуни 2025 година нејзината покриеност изнесува 70,3%.
Земјите од ЕУ и регионот исто така се соочија со значителни инфлациски притисоци, но повеќето земји успеаја успешно да го амортизираат ударот од ценовниот шок, додека Македонија во периодот.