
Работната група за Изборниот законик вчера одржа уште еден состанок каде тема на разговор биле неколку теми, дознава 24инфо.мк од свои извори.
Една од клучните новини што се предвидува со измените е дијаспората да гласа онлајн на изборите, промена која наишла на поддршка од повеќето партиски претставници во работната група.
Сепак на ваквите измени се спротивтавиле дел од помалите политички партии, аргументирајќи дека дијаспората ќе биде привилигирана во однос на домицилните гласачи.
Во Македонија во одредени општини постојат гласачки места кои се тешко достапни за дел од глсачите, но со новите измени на Изборниот законик тие и натаму ќе се мачат да го остварат своето право на глас, додека пак македонските гласачи што живеат во Европа, САД, Австралија…гласањето ќе го извршат од удобноста на својот дом.
Како што соопшти вчера Министерството за правда, политичките партии во текот на денешниот ден по електронски пат треба да се произјаснат за одредени предлози по што се очекува да се подготви законското решение кое ќе произлегува од усогласените решенија и ќе се достави во понатамошна процедура.
Тоа значи дека законското решение ќе се донесе релативно брзо и покрај отсуството на најголемата опозициска партија СДСМ, која пред неколку месеци ја напушти работната група.

