Skip to main content
Магазин

Диететичари: Ако сакате да доживеете сто години, избегнувајте четири видови храна

23/04/2026  11:05

Ако сакаме да доживееме длабока старост, исхраната игра многу поголема улога отколку што често мислиме. Иако долговечноста не зависи од една намирница, експертите предупредуваат дека секојдневните навики во исхраната можат значително да го зголемат ризикот од хронични болести како срцеви заболувања, дијабетес и рак.

Токму овие заболувања се меѓу главните причини за пократок животен век, па затоа лекарите советуваат одредени видови храна да се ограничат или целосно да се избегнуваат.

Преработено месо

Виршли, колбаси, сланина и сувомеснати производи често содржат нитрати и нитрити – супстанци кои се поврзуваат со зголемен ризик од одредени видови рак. Освен тоа, ваквата храна најчесто има и високо ниво на сол, што дополнително го оптоварува срцето.

Транс масти

Транс мастите се присутни во маргарин, индустриски пецива, бисквити и дел од преработената храна. Тие го зголемуваат лошиот холестерол, а го намалуваат добриот, со што директно го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Рафинирани јаглехидрати

Бел леб, пецива, грицки и слатки производи брзо го покачуваат шеќерот во крвта. Честата консумација може да доведе до воспаленија, прејадување и метаболички нарушувања. Подобар избор се интегрални житарки, овес и киноа.

Пржена храна

Помфрит, похувано месо и крофни содржат многу калории и нездрави масти. Освен тоа, при пржењето се создаваат штетни соединенија кои можат да влијаат негативно врз здравјето. Наместо тоа, се препорачува печење во рерна или подготовка на скара.

Засладени пијалаци и алкохол

Газирани сокови, енергетски пијалаци и прекумерна употреба на алкохол дополнително го оптоваруваат организмот. Тие се поврзуваат со дебелина, дијабетес и други хронични состојби.

Клучот е во умереноста

Експертите потенцираат дека не е потребно целосно откажување од сè, туку умереност и паметен избор. Балансирана исхрана со повеќе овошје, зеленчук, интегрални житарки и квалитетни протеини може значително да го подобри здравјето и да го продолжи животот.