Skip to main content
Свет

Џо Бајден итно опериран,снимен е со голем рез на главата

05/09/2025  19:00

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, неодамна беше подложен на хируршка интервенција за отстранување на рак на кожата од челото, потврди неговиот портпарол за весникот „The Hill“.

Во деновите по операцијата, на социјалните мрежи се појави видео на кое Бајден е прикажан со видлива лузна на челото додека излегува од црква во Делавер.

Бајден претходно имал немеланомски форми на рак на кожата, кои ги отстранил пред неговиот претседателски мандат.

За време на медицински преглед во 2023 година, додека сè уште бил на функција, од неговите гради била отстранета канцерогена грутка.

Во мај 2025 година, Бајден објави дека му е дијагностициран агресивен рак на простата, кој се проширил на неговите коски. Оттогаш, тој ретко се појавува во јавноста.