Skip to main content
Култура

Џез концерт на триото на Георги Шаревски на „Скопско лето“

30/06/2025  10:38

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје со гордост и задоволство Ве информира и Ве поканува на џез концерт на Ѓорги Шаревски трио, кој ќе се одржи на вечерва – 30.06.2025г. (понеделник) во 20:30 часот во Сули ан.

Учествуваат:

Георги Шаревски – гитара

Акира Накамура – тапани (Окинава, Јапонија)

Оливер Јосифовски – контрабас

Извонредна интеркултурна соработка, каде што триото на Георги Шаревски се обединува со еминентниот јапонски тапанар Акира Накамура за динамичен настап што умешно ја обединува источната прецизност со европската џез естетика.

Предводено од македонскиот гитарист и композитор Георги Шаревски, фокусот на ова посебно трио се автентични авторски композиции, прецизна меѓусебна комуникација и соврмени хармонски структури. Со приклучувањето на Накамура и неговиот изразен ритмички јазик и смела импровизациска визија, овој исклучителен настап претставува возбудливо музичко патување исполнето со спонтаност, експлозивна енергија и бесконечен грув.

Публиката ќе има можност да слушне внимателно избрана програма составена од авторски композиции, кои ги прошируваат хоризонтите на современито џез израз.

Билетите ќе се продаваат по цена од 400 денари пред почетокот на настанот на влез на Сули ан и на karti.com.mk.