Skip to main content
Хроника

Детали за вчерашната сообраќајка во кое учествуваше полициско возило

11/02/2025  11:44

На 10.02.2025 околу 17.20 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Струга, кај крстосницата од ул.,,Мислешески пат” и ул.,,Едвард Кардељ” во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со струшки регистарски ознаки, управувано од М.А.(51) од Струга и патничко возило „форд фокус” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(28) од Скопје, сопственост на МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката Д.Ј.(30) од с.Младо Нагоричане, кумановско, (двајцата полициски службеници) констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид, додека со телесни повреди се здобил уште еден полициски службеник – Д.К.(27) од Скопје и возачот М.А., констатирани во Општа болница Струга.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.