
Во 10 часот наутро, Специјализираните совети во Хаг ќе ја изречат првостепената пресуда против четворица поранешни команданти на таканаречената ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото.

За време на судењето, обвинителството тврдеше дека ја докажало вината на четворицата обвинети за прогон, затворање, други нехумани дела, тортура, убиство и присилно исчезнување, како и за четири точки од обвинението за воени злосторства – незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиство.
За овие дела, обвинителството бара казна од 45 години затвор.


