Skip to main content
Македонија

Денеска се враќаат уште осум пациенти кои беа на лекување во странство – сите се во добра здравствена состојба

27/03/2025  13:51

Уште осум повредени од пожарот во дискотеката во Кочани денеска ќе бидат испишани од болница. Тие се во стабилна и добра состојба.

Вчера се вратија пет пациенти од надвор од државата. Еден од Атина и четири од Шпанија. Надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денеска се најавени да се вратат осум пациенти. Два во Белгија, два во Турција, два во Австраија и два во Хрватска. Од утре, остануваат 101 пациент на лекување.

„Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат“, рече минситерот за здравство, Арбен Таравари.

Тој посочи дека четири пациенти и натаму се во тешка состојба, но подобро, од тоа што биле претходните денови. Денеска се малку подобри вестите, тие критични се малку подобро од вчера, но се во релативно тешка здравствена состојба“, додаде Таравари.