
Денеска низ средните училишта започна полагањето на државната матура.
Оние кои завршија гимназиско образование ќе избираат меѓу странски јазик, математика и историја, а на 11 јуни ќе го полагаат вториот екстерен предмет односно мајчин јазик и литература.
Матурантите од средните стручни училишта денеска ќе избираат меѓу англиски јазик и математика, а полагањето по македонски јазик за нив е закажано за 12 јуни.
Учениците од уметничките училишта денеска ќе избираат меѓу англиски и историја, а на 12 јуни ќе полагаат македонски јазик и литература.
Се очекува да полагаат над 14.500 матуранти, а годинава за првпат согласно новиот закон за средно образование има три различни типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.


