Skip to main content
Македонија

Денеска до 21 степен и јужен ветер, од сабота пристигнува заладување

12/11/2026  08:21

Променливо облачно и релативно топло време нè очекува денеска, четврток, 12 ноември. Според прогнозата на УХМР, по одделни котлини ќе има утринска магла, а во текот на денот ќе дува умерен јужен ветер, кој наместа повремено ќе се засилува.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека дневните ќе достигнат од 17 до 21 степен.

Во Скопје ќе преовладува облачно време, со утринска магла во делови од котлината и умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од утрински 8 до максимални 17 степени.

Во наредните денови ќе продолжи променливото време со повремени локални врнежи од дожд. Во петок ќе биде невообичаено топло за овој период, но ќе дува засилен до силен јужен ветер, кој наместа може да достигне брзина над 80 километри на час.

Од сабота, со продор на постуден воздух од север, температурите ќе почнат да опаѓаат.