Skip to main content
Економија

Денес се одредува новата цена на горивата

27/07/2026  08:59

На својата редовна седница Регулаторната комисија за енергетика треба да донесе одлука за новите малопродажни цени на горивата.

Случувањата на Блискиот Исток и растот на цените на суровата нафта на светскиот пазар укажуваат на тоа дека денеска може да се очекува ново зголемување на цените.

Минатиот понеделник РКЕ донесе одлука со која цената на дизелот се зголеми за шест а цената на бензините за три денари.

Викендов премиерот Мицкоски најави дека Македонија ќе остане земја со најевтини цени на горивата и дека Владата е подготвена да интервенира ако цените значително се зголемат.

Од друга страна пак, опозицијата алармира на високи цени на горивата и бара мерки за ублажување на економските последици.