Skip to main content
Македонија

Денес и утре стабилно и сончево време со свежи утра

29/05/2026  08:20

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на стабилна, сува  и на малку посвежа воздушна маса од север во деновите петок и сабота 29/30 Мај 2026 во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Во Скопје  и околината исто така во деновите петок и сабота 29/30 Мај 2026 времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност а ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Утрата ќе бидат посвежи со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 12 степени а во Скопје наутро температурата ќе се спушти до околу 10 степени.

Максималните дневни температури исто така ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени а во Скопје  и околината максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 26  и 28 степени.