
Во Свечената сала Владата денеска ќе биде одржана промоција на програмата „Демографски трендови – Заедничка акција за инвестирање и искористување на човечкиот капитал“, организиран во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).
На официјалната презентација на петгодишната програма, обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, директорката на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Флоренс Бауер, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, како и Рита Колумбија, постојана координаторка на ОН во државава.
Модератор на настанот е националниот координатор за демографија Владимир Ѓорчев.