Skip to main content
Македонија

Јавно извинување до компанијата „Булмак“

06/10/2025  10:29

Редакцијата на 24инфо.мк упатува јавно извинување до компанијата „Булмак 2016“ за преземената неточна вест со наслов „Нова еколошка катастрофа во Крива Река по хаварија во рудникот Тораница“.

Водејќи се од професионалните стандарди, истата вест е повлечена од нашиот портал.

Во продолжение, интегрално го објавуваме Демантот и барањето за јавно извинување:

Во врска со текстот објавен на вашиот портал „24info.mk “под наслов „Нова еколошка катастрофа во Крива Река по хаварија во рудникот Тораница“, компанијата „Булмак 2016“ во целост ги демантира изнесените информации и тврдења.
Прво, веста дека се случила еколошка катастрофа предизвикана од излевање на јаловина од рудникот „Тораница“ е целосно неточна. Најодговорно тврдиме дека не постои никаква хаварија, ниту пак истекување кое би можело да ја загрози животната средина и водите на Крива Река.

Второ, со оглед на тоа што објавената вест се темели на невистини и предизвикува неоснована вознемиреност во јавноста, а истовремено нанесува сериозна штета на угледот на нашата компанија, бараме веднаш да ја отстраните спорната содржина. Согласно законските прописи, бараме да објавите јавно извинување и во целост да го објавите овој демант на соодветен и јасно видлив начин.

Трето, компанијата „Булмак 2016“ја реафирмира својата посветеност на транспарентна соработка со сите медиуми и стои на располагање за сите прашања од јавен интерес. Сепак, во исто време ќе ги заштитиме нашите легитимни интереси, заради тоа што сме одговорна компанија која се грижи за почитување на законите.