Skip to main content
Скопје

Дел од Центар утре без струја

28/04/2026  21:25

Делови од општина Центар, утре (29 април 2026) ќе бидат без електрична енергија поради планирани прекини.

Според информациите, струја нема да има во периодот од 08:30 до 15:30 часот на улицата „Ленинова“, зграда број 29, влезови 1, 2 и 3.

Прекин е најавен и за објектот на ресторанот „Sushi Co“ во истиот временски интервал.

Од надлежните информираат дека станува збор за редовни активности за одржување на електродистрибутивната мрежа, со цел обезбедување постабилно и поквалитетно снабдување со електрична енергија.