Skip to main content
Хроника

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

15/12/2025  09:19

Поранешниот македонски репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер, Дејан Манасков, синоќа беше приведен во полициска станица по натпреварот со Охрид на гостински терен.

– На 14.12.2025 година во 20:20 часот, во СВР Охрид приведен е Д.М.(33) ракометен играч од Скопје, член на ракометен клуб од Битола. Тој,  по завршување на ракометен натпревар што се одржа во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, при меѓусебното поздравување на играчите, физички го нападнал К.А. помошен тренер на домашниот-охридскиот ракометен клуб. По целосно расчистување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, потврди за МИА, Стефан Димоски портпаролот на СВР Охрид.

ГРК Охрид го победи Еурофарм Пелистер со 29:25.