Skip to main content
Балкан

Дедо Мраз се „заглавил“ на покривот на градинката во Сараево, му помогнала екипа на ГСС

30/12/2024  19:49

Екипата на планинската спасувачка служба (ГСС) Нови Град Сараево денеска имала несекојдневна интервенција во една сараевска градинка. Имено, утринава екипа на ГСС добила повик од градинката „Анекс“. Маж маскиран во Дедо Мраз кој требало да им доставува пакетчиња на децата од оваа образовна институција заглавил на покривот.