
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 26 мај 2026 година, вторник, во својство на покровителка, на церемонија во Кабинетот на претседателот ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”.
На настанот којшто е во организација на Women in Tech® Македонија во соработка со Министерството за дигитална трансформација, а под покровителство на претседателката Сиљановска-Давкова ќе бидат доделени и признанија за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот.

