Никола Маркоски постигна два важни гола од половина терен, казнувајќи ја играта „седум на шест“ на Катар. Противникот капитулираше во завршните минути, а Македонија го искористи тоа за рутински да го приведе мечот до крај, за заслужен триумф од 39-34.
Маркоски ретко зборува за приватниот живот.
Стружанецот во 2018 година стапи во брак со поранешната ракометарка Ане Миленковска.
Оваа популарна спортска двојка ги има близнаците Матеа и Марко.